Каско полиса: 5 евра = 200 евра

Bez autora
Oct 16 2011

Пет евра за годишна каско полиса е новата понуда на македонскиот осигурителен пазар, наречена ЕВРО КАСКО што ја нуди компанија Евроинс осигурување. Според информациите од Евроинс се работи за најдостапен продукт од областа на авто осигурувањето во земјава, при што при регистрација на патничкото возило со доплата од 5 евра се добива годишна каско полиса која покрива штета од 200 евра. Очекуваме во промотивниот период од 3 месеци да се продадат 4.000 илјади ЕВРО КАСКО полиси, бидејќи за прв пат во земјава граѓаните имаат продукт што го штити автомобилот на оној кој ја предизвикал незгодата. Според него класичното каско кое ја дава таа можност е недостапно за поголемиот дел од граѓаните во Македонија. Производот може да се добие во 50 продажни места во земјава и тој се однесува само на физичките лица. Што се однесува пак, за идејата во иднина да се спои зелениот картон со автоодговорноста, Виолета Поп - Василева, извршен директор на Евроинс, коментира дека осигурителниот пазар се движи кон либерализација. Според неа можно е со една полиса да се обедини и автоодговорноста во земјава и онаа во странство.

Каско полиса: 5 евра = 200 евраПет евра за годишна каско полиса е новата понуда на македонскиот осигурителен пазар, наречена ЕВРО КАСКО што ја нуди компанија Евроинс осигурување.

Според информациите од Евроинс се работи за најдостапен продукт од областа на авто осигурувањето во земјава, при што при регистрација на патничкото возило со доплата од 5 евра се добива годишна каско полиса која покрива штета од 200 евра.

- Очекуваме во промотивниот период од 3 месеци да се продадат 4.000 илјади ЕВРО КАСКО полиси, бидејќи за прв пат во земјава граѓаните имаат продукт што го штити автомобилот на оној кој ја предизвикал незгодата - вели Јанко Николов, извршен директор на Евроинс.

Според него класичното каско кое ја дава таа можност е недостапно за поголемиот дел од граѓаните во Македонија. Производот може да се добие во 50 продажни места во земјава и тој се однесува само на физичките лица. Што се однесува пак, за идејата во иднина да се спои зелениот картон со автоодговорноста, Виолета Поп - Василева, извршен директор на Евроинс, коментира дека осигурителниот пазар се движи кон либерализација.

Според неа можно е со една полиса да се обедини и автоодговорноста во земјава и онаа во странство.

- Иницијативата потекнува од транспортерите коишто најмногу се движат надвор од земјава, но проценките треба добро да се направат за да не бидат оштетени оние кои што не патуваат во странство - појаснува Поп-Василева и додава дека ставот се уште не е дефиниран, но треба да се земе предвид дека штетите од незгодите што се случуваат во странство се многу поголеми и поскапи од оние во земјава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik